Даниела Алексовска против Флочеа Лаида од Молдавија на ММА спектаклот во Скопје
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје на 14 септември ќе се организира спектакл, љубителите на боречките вештини во Македонија ќе можат да уживаат во ММА настан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според најавите, Македонија ќе ја претставуваат неколку борци, меѓу кои и европските шампиони Даниела Алексовска и Марко Трајановски.
Скопје на 14 септември ќе биде домаќин на ММА спектакл – првпат по повеќе од една деценија!
Потврдена е одлична женска полупрофесионална борба! Даниела Алексовска, миленичката на сите Македонки, име кое е веќе добро познато на балканската аматерска сцена, ќе се појави пред локалната публика решена да го покаже целиот свој квалитет!
Со златото освоено на Европското јуниорско првенство на IMMAF, јасно е дека е борец со огромен потенцијал кој е подготвен да блесне на големата сцена.
Тоа го претставува „The Strongest“ – официјално најдобриот македонски ММА клуб и ја прифаќа борбата во Армада иако само две недели подоцна го чека настапот на светското првенство!
Од друга страна, од Молдавија доаѓа Флочеа Лаида – претставничка на нација позната по својата храброст и бестрашност!
Флочеа има завидно аматерско искуство зад себе, а во Скопје ќе бара можност да го потврди својот квалитет и да покаже дека е достојна за најголемите предизвици.



