Фото: Screenshot

Скопје на 14 септември ќе биде домаќин на ММА спектакл – првпат по повеќе од една деценија!

По повеќе од десет години пауза љубителите на боречките вештини во Македонија ќе можат да уживаат во ММА настан кој ќе се одржува во салата „Јане Сандански“ на 14 септември и во кој ќе учествуваат и македонски борци.

ММА во последните години доживеа навистина голема експанзија и настани се организираат насекаде низ светот, па така сега кај нас ќе имаме борби од организацијата „Армада“ која е една од најдобрите на Балканот.

Македонија на овој настан се очекува да ја претставуваат неколку борци меѓу кои ќе бидат и европските шампиони, Даниела Алексовска и Марко Трајановски.

Фото: Screenshot

Последен ММА настан кој се одржуваше во Македониja беше во организација на тогашната ФФЦ и тоа во декември 2013 година, а сега благодарение на ММА организацијата на чело со Ивица Алексовски, Арманда одлучи настанаот „Армада 14“ да се одржува во Скопје и се очекува да видиме осум до девет борби. Во наредните денови треба да бидат потврдени и сите детали околу борците, но нема дилеми дека присутните ќе можат да уживаат во вистински ММА спектакл.

Главната борба на вечерта ќе биде помеѓу Србинот Никола Градинац и Грузиецот Гиорги Квелидзе. Градинац во борбата влегува на местото на Јован Лека кој потпиша договор со УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armmada (@armmadamma)

Подготовките за овој настан, како што откри Алексовски, започнале уште пред една година во соработка со Министерството за спорт, па така се одлучиле и за Армада која по квалитет е една од најдобрите на Балканот.

Иако се соочиле со технички проблеми, сепак на крајот успеале истите да ги надминат, па наскоро се очекуваат и конечните детали. Веќе е позната и цената на билетите кои ќе бидат пуштени во продажба и таа во зависност од позицијата на местото за седење ќе биде 300 и 500 денари.

„На 14-ти во Скопје по повеќе од десет години правиме ММА настан како што доликува. ММА во последно време доживеа страшна еволуција, денеска многу луѓе знаат се за најголемите борци во светот. Не постои континет каде што не се одржуваат борби. Среќни сме што кај нас доаѓа организација како Армада која е една силна и квалитетна организација. Се надеваме и дека за нов настан нема повторно да чекаме толку долго“, изјави Алексовски.

Конечните детали околу настанот треба да бидат откриени на 25 август за кога е најавена прес-конференција, а исто така на 13  септември ќе се одржи соочувањето на борците во „Ист Гејт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот