Далиќ останува селектор на Хрватска до 2024 година

Златко Далиќ ќе ја предводи Хрватска на СП 2022 година и во квалификациите за Евро 2024/ фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Златко Далиќ останува на клупата на фудбалската репрезентација на Хрватска со 2024 година.

Фудбалската федерација на Хрватска потврди дека дека потпиша нов договор со Далиќ кој ќе остане на клупата на „коцкестите“ до крајот на Европското првенство 2024 година.

– Им благодарам на претседателот Кустиќ и на челниците на Федерацијата на довербата. Многу пати истакнав дека за мене нема поголема чест од водењето на репрезентацијата на Хрватска. Иако со оваа работа доаѓа голема одговорност и притисок, да се води репрезентација е најголема привилегија која може еден тренер да ја има и затоа не се двоумев кога ми беше понуден нов договор.

Изминатите неколку месеци се уверив дека сме на вистинскиот пат. Во себе чувствувам голема енергија и амбиција да продолжам да остварувам големи резултати и со оваа освежена репрезентација. Убеден сум во успех во квалификациите за ЕП 2024, а со оглед на тоа дека Германија е домаќин, сигурен сум дека не чека незаборавна атмосфера и поддршка од нашите навивачи и токму таа слика ми е дополнителен мотив – изјави Далиќ.

Златко Далиќ во 2017 година стана селектор на Хрватска и веднаш на првото големо натпреварување направи голем успех. Хрватска на Светското првенство во Русија 2018 година стана вицешампион по поразот од Франција во големото финале, а на Евро 2020 играше во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот