Дали знаете што значи правилото 2:1 во уредувањето на домот: Прави чудо од секој простор!
Дизајнерите на ентериер откриваат едноставно правило 2:1 кое прави чуда во секој дом – откријте како распоредот на софите и фотелјите може да го промени изгледот на дневната соба.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тие велат дека никаде не е толку убаво како дома, но мора да признаеме, особе е пријатно во седењето и опуштањето во вашата дневна соба. Сепак, дали некогаш сте се запрашале колку вашиот распоред на седење влијае на тоа како всушност се чувствувате во просторот?
„Начинот на кој ги поставувате местата за седење диктира како го користите просторот“, објаснува Надија Вотс, дизајнерка на ентериер од Денвер.
„Лошо дизајнираниот распоред може да направи просторот да делува незграпно – или премногу празен, пренатрупан или едноставно без поврзаност. Со други зборови – не станува збор за количината на мебел, туку за рамнотежата.“
Рамнотежа во просторот: златното правило 2:1
Додека многумина мислат дека сè зависи од големината на собата, дизајнерите тврдат спротивно – постои формула која речиси секогаш функционира. Според зборовите на Џејми Гернерт од „Вај си дизајнс“, станува збор за едноставното правило 2:1.
„Визуелно, соодносот два спрема еден секогаш функционира, бидејќи создава рамнотежа и симетрија, но со доза на разновидност. Софата му ја дава основата на просторот, додека две фотелји ја балансираат таа маса – без да ја преоптоваруваат“, објаснува Гернерт.
Слично размислува и Зои Фелдман, дизајнерка од Вашингтон: „Тој распоред е како златно правило – не е премногу, не е премалку. Визуелно и социјално, совршено го балансира просторот.“
Таквата поставеност, велат дизајнерите, не само што изгледа складно, туку природно поттикнува разговор.
„Местата за седење секога треба малку да бидат свртени еден кон друг. Направете круг или блага форма на буквата U – тоа делува многу потопло и поудобно отколку кога се поставени во права линија“, додава Вотс.
Тајната на непарните броеви
Гернерт открива уште едно правило: мебелот треба да биде групиран во непарни броеви – 3, 5 или 7 парчиња.
„Непарните распореди го привлекуваат погледот, бидејќи ја нарушуваат совршената симетрија. Човечкото око сака да има фокусна точка, а таквите распореди ја создаваат природно“, објаснува таа.
Правило за просторот: колку оддалечен треба да биде мебелот за седење?
Без оглед на распоредот, секое парче мебел мора да „дише“. Елементите поставени премногу блиску создаваат впечаток на пренатрупан изложбен салон, додека преголемите празнини ја прават собата ладна и неудобна.
„Луѓето треба да можат да водат нормален разговор, без да го креваат гласот. Идеалното растојание помеѓу седедењет е околу 2,5 до 3 метри“, Ватс го објаснува едноставно правило.
Софата или фотелјата треба да бидат оддалечени околу 45 сантиметри од масата за кафе – доволно за да можете да ги испружите нозете, но и да го земете пијалакот без да се истегнете.


