Дали по стапките на Џенифер Лопез и Џоли се врати во прегратките на старата љубов? Анџелина и Џони Ли Милер се старо – новиот холивудски пар

Profimedia
Фото: Profimedia

Актерката Анџелина Џоли била фотографирана пред зградата на нејзиниот прв сопруг, британскиот актер Џони Ли Милер, поради што странските медиуми на големо шпекулираат дека поранешниот брачен пар е повторно во љубовна врска.

Анџелина излегла од автомобилот пред домот на Џони во кварт во Бруклин и додека во едната рака држела чанта од Луј Витон, во другата актерката носела шише скап пијалак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie PH (@ajolieph)


Откако била фотографирана пред неговата куќа, странските медиуми објавуваат дека, покрај Џенифер Лопез и Анџелина, му се вратила на бившиот, со кој актерката беше во брак пред скоро 25 години.

Profimedia
Profimedia

Анџелина се омажи за Џони во 1996 година кога имала само 21 година. Се запознале на снимањето на филмот „Hackers “ во 1995 година, а шест месеци подоцна се венчале. Фановите на актерката се сеќаваат дека во тоа време таа носела маица на која го напиша неговото име со својата крв.


„Тој е човекот со кој наскоро ќе се омажам, па затоа треба да направите малку жртва за врската да биде навистина посебна“, изјавила тогаш Анџелина.

Џоли тогаш им признала на новинарите дека размислувале и за можноста да не стапат во брак веднаш, туку да бидат верени некое време, бидејќи таа морала да остане во Лос Анџелес поради работните обврски, а тој морал да се врати во Велика Британија, но сепак на крајот стапиле во брак.

Брачната идила не траела долго, парот се разделил 18 месеци подоцна, а бракот заврши во 1999 година.


„Не жалам, бракот не успеа, но ние останавме добри пријатели“, изјавила Анџелина во тоа време, а Милер и по крајот на нивната љубов глумел и во нејзиното режисерско деби „In the Land of Blood and Honey“.

По разводот, Анџелина се омажи за Били Боб Тортон, а потоа и за Бред Пит. Од 2008 до 2018 година, Милер беше во брак со актерката Мишел Хикс со која има 11-годишен син.

ВИДЕО+ФОТО | Анџелина Џоли го прослави 46-тиот роденден: Децата ме расплакаа, неверојатни се!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот