ВИДЕО+ФОТО | Анџелина Џоли го прослави 46-тиот роденден: Децата ме расплакаа, неверојатни се!

epa-efe
Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Актерката Анџелина Џоли го прослави 46-тиот роденден на 4 јуни, а иако не планирала никаква прослава, децата ѝ приредиле изненадување. Тие ја однеле својата мајка на вечера во популарен азиски ресторан во Лос Анџелес, а како што тврдат извори за американските медиуми, сите уживале таа ноќ.

Тие одлично се забавуваа славејќи дома, а потоа децата ја изненадија со специјална вечера, открил извор близок на Анџелина.

Profimedia
Profimedia

Моите деца се неверојатни! Јас сум инаку таа што ништо не планира, но тие имаат тенденција да соработуваат за да ме изненадат со нешто, без разлика дали е за роденден или за „Денот на мајките“… Самото спознавање дека нешто прават заедно, дека нешто смислуваат заедно, тоа секогаш ме допира и ме расплакува!

А, тие тогаш се шегуваат на моја сметка и ме задеваат, бидејќи солзи ми течат поради секоја ситница. Не би поверувале колкупати плачам во денот – рекла Анџелина.

Profimedia
Profimedia

Папараците ги „уловиле“ Анџелина и нејзините шест деца на улиците на Лос Анџелес, меѓутоа, како и обично, тие не биле расположени за фотографирање. Анџелина носела жолт, свилен фустан, додека децата биле лежерно облечени, а сите носеле заштитни маски.

Сигурно дека ѝ годела вечерата со децата, бидејќи штотуку заврши бракоразводната парница со Бред Пит, која траеше со години. Анџелина е разочарана од судската одлука, бидејќи старателството е сепак заедничко, иако таа сакаше децата да ѝ припаднат нејзе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот