Дали петтото дете е на пат? (ФОТО)

Кристијанопринтскрин

Кристијано Роналдо ја освои наградата „Marca Leyenda“ која му беше врачена во Мадрид, но сите зборуваат за нешто сосема друго.

Имено, на настанот му се придружи и 25-годишната вереничка Џорџина Родригез во прилепен фустан во крем боја и високи потпетици.

Шпанската убавица откри заоблено стомаче и така ги поттикна зборувањата дека таа повторно е бремена со вереникот Роналдо.

Бидејќи Џорџина редовно вежба и се храни здраво и својата затегната фигурна редовно ја покажува на социјалните мрежи, овие фотографии предизвикаа сомнежи за бременост кај фановите на славниот пар.

Некои се уверени дека таа е бремена, а други сметаат дека кадарот на фотографијата е лош и дека собраниот дел од фустанот дал таква слика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот