Eнтони Дејвис/EPA/JOHN G. MABANGLO

Далас повторно шокираше – го размени човекот кој дојде да го замени Дончиќ

Во НБА лигата во последните моменти од преоднио рок се случи и една голема размена во која е вклучен Ентони Дејвис.

Дресот на тимот од главниот град на САД во иднина ќе го носи четирикратниот НБА шампион Ентони Дејвис, заедно со Џејден Харди, Д’Анџело Расел и Данте Егзум.
Од другата страна, Далас добива сериозен пакет во оваа зделка. Во Тексас пристигнуваат Крис Мидлтон, А.Џеј. Џонсон, Малаки Бранхам и Марвин Багли, како и два избора од првата рунда и дури три избора од втората рунда на драфтот

Според договорот, на Маверикс им припаѓа избор од првата рунда на драфтот во 2026 година поврзан со Оклахома, како и избор од првата рунда во 2030 година поврзан со Голден стејт. Покрај тоа, Далас обезбеди и три избора од втората рунда: во 2026 година (Финикс санс), 2027 година (Чикаго булс) и 2029 година (Хјустон рокетс).

Ќе потсетиме, Дејвис во Далас пристигна како заамена за Лука Дончиќ, но не се прослави, а имаше и сериозни проблеми со повреди.

Изненадување во НБА: Џејмс Харден има нов клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот