Дајан Китон (74) со стилот им пркоси на годините: Овој стајлинг никогаш нема да излезе од мода! (ФОТО)

профимедиа

На оваа прекрасна жена годините буквално не и можат ништо…

За Дајан Китон времето како да застанало. Иако наполни 74 години, таа изгледа одлично.

Освен по големите холивудски улоги Дајан Китон е позната и по интересниот младешки стил кој се забележува на неа на секое појавување.

профимедиа

Папараците ја фотографираа додека таа го шеташе својот миленик, а ниту овој пат не разочара со својот стајлинг. За оваа прилика таа носеше џинс и бела маица, комбинација која никојпат нема да излезе од мода. Од аксесоари носеше марама, која стана нејзин заштитен знак. На нозете наместо ексклузивни потпетици, носеше обични еспадрили, кои исто така се вечен хит за кежуал изгледот.

профимедиа

Благодарение на витката фигура, Дајан Китон што и да облече и стои одлично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот