Да штеди секој и да се штеди секаде каде што се може, напролет ќе има постабилна ситуација со струјата

Без струја
Струја / Фото: МИА

Во моментот нешто поспокојни се само само земјите кои имаат поголемо сопствено производство, а Македонија не е во таква позиција

Напролет кога ќе се стабилизира цената на природниот гас, се очекува и стабилизација на цената на електричната енергија, прогнозира Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. Првиот човек на Европската енергетска заедница е свесен дека земјава влече струја од европската мрежа, но е дециден дека Македонија не е единствена земја која има проблеми со струјата.

Во моментот нешто поспокојни се само само земјите кои имаат поголемо сопствено производство, а Македонија не е во таква позиција. Ќе дојде до поскапување на цената на енергијата, но најважно е да се дефинираат ранливите потрошувачи за да им се овозможи помош. Според Копач, Северна Македонија е најнапредна во енергетските реформи во регионот.

-Не може да речеме „овој или оној се директни виновници за состојбата во која се наоѓате“. Проблемот е во тоа што со години не е инвестирано во развојот на енергетскиот систем, а во Македонија последните гооеми инвестиции во енергетиката датираат уште од поранешната Југославија – објасни Копач. Неговата препорака е засилено штедење секаде каде се може и од компаниите и од домаќинствата и се разбира конечно да се почне со посериозно инвестирање во нови енергетски објекти.

Првиот човек на Европската во Скопје, директно се информираше за енергетската состојба во која се наоѓа земјава, како и со мерките кои се преземаат за да се ублажат последиците од неа. Во тој контекст, Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, се согласи со неговиот европски гостин дека треба да штеди секој, без разлика дали се тоа домаќинствата или компаниите.

-Особено се залагаме за енергетски ефикасни објекти, кои ќе придонесат во штедењето на енергијата, подвлече Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот