-4 C
Скопје

Д-р Караџовски: Не е тајна, бев официр – лично сум секогаш за построги мерки, кој го загрозува нашето здравје да одговара!

Д-р Жарко Караџовски кој е претседател на Комисијата за заразни болести уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од коронавирусот. Тој се заложи за построги казни за прекршување на прописот за задолжително носење на маски: 

– Ова е заедничка работа луѓе, не можеме ние сами ништо да направиме! Пет министри да се соберат овде и десет инфектолози, епидемиолози, џабе ни е, ако никој не се слуша од кривината надолу. Секој си тера по свое. Јас барам строги рестриктивни мерки во делот на казнување. Само на тој начин ние ќе може да опстоиме дека некој некој ќе се осети дека не треба да прави одредени манифестации со кои што го ремети и своето, меѓутоа и колективното здравје. Никој нема право да го загрозува моето здравје, здравјето на мојата фамилија и вашето здравје. Тој што го загрозува тоа треба да одговара. И ако мене ме прашувате лично, не зборувам како Комисија, како Министерот што е тука, јас сум лично секогаш за построги мерки. Таму каде што сум работел некогаш, пред 30 години, веднаш ќе ви кажам бев официр, не е никаква тајна, тие што ме знаат, ме знаат. Треба постоги казни, поголеми рестрикции. Казнувањето од ситни пари за мене не е ништо посебно, рече д-р Жарко Караџовски.

Прочитајте и...  Директна авио-конекција меѓу Македонија и Украина: Од 6 декември по два неделни лета Киев-Скопје-Киев

Тој со построг тон им се обрати и на новинарите кои ја следеа неговата прес конференција заедно со Министерот за здравство Венко Филипче.

– Да видам еден од вас да нема маска, јас ќе му подвикнам. Не дошол овде на туристичко патување, овде би го загрозил своето здравје и здравјето на сите вас!, дециден е д-р Караџовски.

ВИДЕО | Д-р Kараџовски револтиран: Ние не сме мафијаши, не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза!

ВИДЕО | Д-р Караџовски: Здравствениот систем функционира, тестови има, лаборанти има, работиме по 16 часа

Поврзани вести

Метео: Сончеви периоди и температури до 11 степени

Слободен печат

Не можат надлежните, па сушата делумно нѐ спасува од труењето на Рашче!

Југослава Дуковска

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

🔴 СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7.30 до 10.30 е во тек!

СП.

Виц на денот: Ковид-19

Слободен печат

На денешен ден – 2 декември

Слободен печат

Остави Коментар