Д-р Дохчев: Кај еден од двајцата пациенти е отфрлен пресадениот бубрег (ВИДЕО)

За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата ио таа е добро. Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот е беше помалку вреден. Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

Прочитајте и...  ССМ бара сабота и недела да се неработни, породилно отсуство една година и зголемување на минималната плата

Операцијата траела девет и пол час за да се најде прикладна вена и да се поврзе бубрегот со артеријата.

-Кај овој пациент имавме сознание дека крвните садови се проблематични, но сепак го прифативме ризикот. Само од должината на операцијата можете да замислите со какви проблеми се соочувавме – девет и пол часа. Проблем беше што не можевме да најдеме прикладна вена. Успеавме некако да најдеме и да го поврземе бубрегот со артеријата и се израдувавме. Првите капки на урина ги добивме при самата операција. Тоа беше голема радост за сите нас. После 11 минути од пуштањето на крвотокот во бубрегот успеавме и добивме успешна диуреза. Помисливме дека во подоцнежниот период ќе почне да профункционира бубрегот уште подобро, но за жал онаа дискрепанца меѓу дотокот на крв во бубрегот и помалиот одвод на крв направи проблем,  рече д-р Дохчев.

Прочитајте и...  Холандија ја тужи Русија пред ЕСЧП за соборување на малезискиот авион

Долгата дијализа влијае на оштетување на органите, а најмногу на крвните садови.

–Живата трансплантација од жив дарител е многу почувствителна, но е посигурна, бидејќи имаме работа со пациенти кои се релативно кратко на дијализа или се пред да се вклучат на хроничната програма на дијализа. Што е подолга дијализата толку се послаби крвните садови и сите органи во организмот се оштетуваат, а највеќе крвните садови на пациентите. Морам да кажам дека имаме обиди да се вмрежиме во тој еуротрансплант механизам, најголема европска организација на здружени земји каде има размена на органи што е олеснителна околност за сите.

Пробуваме преку менторство од Хрватска која е лидер во трансплкантацијата на бубрези во ЕУ, вели Д-р Дохчев и додаде дека е потребна многу поагресивна кампања за да се подигне таа општа граѓанска свест за донирање на органи.

Прочитајте и...  Независниот Синдикат на Управа за водење на матични книги бара заштитна опрема

 

Прочитај повеќе

Лукаревска: Гласајте за бројот три, за повисоки пензии и плати, за развој и заедништво

Слободен печат

Нови протести во градовите низ Србија, новосаѓани тргнаа да го блокираат автопатот (ВИДЕО)

Слободен печат

Мицкоски: На 15-ти јули конечно ќе ја победиме сите заедно оваа ненародна и криминална власт предводена од СДСМ и Заев    

Слободен печат

Над 30.000 смртни случаи од Ковид-19 во Франција

МИА Агенција

Мицкоски: Ќе дадам сè од себе да ја сменам реалноста со штетните договори со Грција и Бугарија

Слободен печат

СЗО покрена кампања за откажување од пушењето

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев: Антикорупциска ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари

Слободен печат

Протести пред српскиот Парламент за „одбрана” на Косово и Крим, уапсен политичар

Слободен печат

Царовска во Кисела Вода: На 15 јули да гласаме за повисоки плати, повисоки пензии, за повеќе градинки

Слободен печат

Мицкоски: Мора да се сочува унитарниот карактер на државата

Слободен печат

Зибери: Идејата за првиот премиер Албанец претставува моќен симбол за еднаквост

Слободен печат

Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот

Слободен печат