Црвена звезда со „петарда“ до нова шампионска титула! (ВИДЕО)

фото: твитер

На тој начин белградските „црвено-бели“ го обезбедија нивниот 31 шампионски трофеј во клупската историја…

И официјално титулата останува на „Маракана“, денеска Црвена звезда на гостувањето кај Рад во натпреварот од 27 коло во српската Суперлига славеше со резултат 0:5.

На тој начин белградските „црвено-бели“ го обезбедија нивниот 31 шампионски трофеј во клупската историја.

На денешен ден Панчев со историскиот гол во пенал рулетот и донесе европска титула на Црвена звезда (ВИДЕО)

На играчите на тренерот Дејан Станковиќ им беше доволен и бод, но славјето го најавија со „петарда“. На врвот е Црвена звезда со 72 бодови, 14 повеќе од второпласираниот Партизан, а на третата позиција е Војводина.

До крајот на сезоната Црвена звезда има да одигра уште три натпревари во јуни, а воедно ја очекува и настап во Купот на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот