ЦЕВ: Најдобар пласман во нашата одбојкарска историја! (ФОТО)

Фото: cev.eu

Македонската машка одбојкарска репрезентација го оствари најдобриот пласман во историјата, откако на најновата ранг листа на ЦЕВ, скокна две места и сега е 21 одбојкарска сила во Европа.

Причина за овој напредок е одличниот настап на Европското првенство годинава, на коешто иако беа дебитанти, „црвено-жолтите“ се најдоа на прагот на влез во осминафиналето.

Победите над Белорусија и над сребрената Словенија во групната фаза, на македонските одбојкари им го донесоа пласманот на 17. место во конечното рангирање на ЕП на кое што за првпат учествуваа 24 репрезентации.

cev.eu

На врвот на листата е Србија која го освои златниот европски медал, а зад неа е шампионот во Лигата на нации, селекцијата на Русија.

Полјаците се трети, Французите четврти, а во првата петка е и Италија. Белгија е шеста, Словенија се наоѓа на седмото место, а Финска и Турција од коишто загубивме на Европското првенство во групната фаза во Љубљана, котираат во врвот од селекциите во втората десетка.

Најновото рангирање на ЦЕВ е уште една потврда за одличниот резултат на македонските одбојкари на Европското првенство 2019.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот