Централниот регистар сега го запиша Филипчев за претседател на ПФМ

Слободен печат

Само десет дена откако Централниот регистар на Македонија го заведе Александар Маленко за претседател на Пливачката федерација на Македонија, денеска одново има нови промени на претседателската функција.

Централниот регистар вчера го заведе Александар Филипчев за претседател на ПФМ, а го избриша Маленко.

„Како што е познато на 24.4.2019 година на барање на пливачките клубови во Македонија беше одржано вонредно собрани на Пливачката федерација каде меѓу другото беше разрешен тогашниот претседател Александар Маленко и за нов претседател беше избран Александар Филипчев. По жалбата на разрешениот претседател Александар Маленко до Комисијата за жалби при РСМ од 5.3.2021, стручната служба на Централен регистар побторно го разгледа предметот, го потврди решението за упис на промени и донесе ново со кое се потврдува уписот на промени и изборот на новиот претседател  Александар Филипчев“, соопшти ПФМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот