Царовска: На учениците не им е интересно да одат на училиште

Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

На учениците им е здодевно да одат во училиште, досегашниот пристап не им е интересен, тие се навикнати на дигитализација уште од најмали нозе, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната конференција за новинарите, која присуствува на обука наменета за обучувачи на наставници за основните принципи на новата Концепција за основно образование и начинот на примена на новите наставни програми за прво и четврто одделение.

Министерката посочи дека учебници и натаму ќе има, но преку електронските учебници мора да се подготват учениците за свет без хартија.

– Да не потклекнуваме на неточни информации, можноста за фотокопирање на учебниците постои, но мораме да ги подготвиме учениците за свет без хартија. Дигитализацијата во образованието е нешто што се случува секаде во светот – додаде Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот