Црвеното никогаш не излегува од мода: историјата на црвената боја и нејзината симболика

црвена боја
Фото: Пиксабеј

Во овие предпразнични денови и самиот крај на годината црвената бооја станува сеприсутна и е некаков симбол за чувството на среќа.

Тешко е да се одреди почетокот на историјата на црвената боја и актуелноста на оваа боја во модата бидејќи со векови се користи преку разни ткаенини – носени од кралеви и сиромашни, грешници и светци, воини и проститутки. Означува нешто што е забрането и некои го поврзуваат со ѓаволот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruben de Haas (@coloruben)

Сигурно ќе се согласиме дека црвената боја е незаменлива боја и сеприсутен фактор не само во модата и стилот, туку и во се‘ околу нас.

 

Кој прв почна да носи црвено?

Се верува дека мексиканските Ацтеки ја претставиле оваа боја на светот. Ацтеките ја добиле оваа боја од кохинеалот, инсект кој ги населува суптропските региони. Бојата ја добиле со стискање на исушените тела на женките на овој инсект.

По доаѓањето на Шпанците во Мексико на почетокот на 16 век, кохинеалот стана главен светски извоз во Европа. Шпанците собирале бубачки така што ги отстранувале од растенијата кактуси, а потоа ги сушеле. Исушените бубачки потоа беа испорачани во Европа. На почетокот, само богатата класа можела да си ја дозволи скапата боја на овие инсекти, а кога беа создадени синтетички бои, црвената стана лесно достапна.

Во некои култури црвената боја била резервирана исклучиво за моќните луѓе, додека обичните граѓани не смееле да носат црвено. Ако тогаш сте виделе некој во црвено во Јапонија или Италија, ќе ви беше јасно – се работи за личност од високото општество.

Црвената и златната беа уште една популарна комбинација на бои за време на викторијанската ера. На зашиените црвени фустани биле увезени златни шари, вклучувајќи позлатена тантела, мониста, копчиња, реси или плетенки.

 

Доаѓањето на црвено во Европа

Во текот на средниот век, црвената боја била целосно доминантна. Славниот император Карло Велики ја обоил својата палата во црвена боја, носел црвени чевли и дури рекол дека има црвена коса.

Во средниот век сината боја била женска боја, која во христијанството поради Дева Марија значела целомудрие и чистота, додека црвената била машка боја – значела моќ и војна.

Но, работите наскоро се свртуваат – сината станува мажествена  (затоа што е подискретна), а црвената се поврзува со женственоста поради страста и елеганцијата. Траги од тоа се гледаат и денес – сина за момчиња и розова за девојчиња.

 

Модните дизајнери и црвената

Кога размислуваме за црвениот фустан, една од најпознатите модни куќи во светот е меѓу нашите први асоцијации: Валентино. Познатиот дизајнер создаде нова нијанса која стана една од иконите на модниот свет и во модната индустрија е позната како црвената нијанса „Valentino“ или „Valentino Rosso“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fransiska Darmansyah (@mlle.chika)

Инспирацијата за оваа нијанса младиот дизајнер ја пронашол во оперските костими, како и на балконите на операта во Барселона, кои наликувале на корпи со црвени цвеќиња.

Во историјата има многу дизајнери кои во голема мера ја користеле оваа боја во своите креации, а една секако безвременска креација се чевлите на Лобутин со црвен ѓон, кои станаа негов препознатлив знак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Louboutin (@louboutinworld)

Во 2015 година, Доменико Долче и Стефано Габана дизајнираа колекција која, како и обично, беше инспирирана од нивните сицилијански корени. Облеката се карактеризира со украсување со тантела, а во повеќето креации незаменлива е црвената боја.

долче габана 2013 2014 есен зима
Фото: Profimedia

Покрај Валентино, Диор ги создаде и своите специфични нијанси, како што е карминот „Rouge Dior“ во 1953 година или специјален Трафалгар во корални нијанси од 1947 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikita D Madhani (@nikitadmadhani)

Како што веќе утврдивме, црвената боја никогаш не излегува од мода. Оваа безвременска стилска икона никогаш не може да биде неуспешна – не плашете се да го заведете посилниот пол со некој детал како кармин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот