Црвена звезда за европска пролет, Ристовски во Виена, а Елмас домаќин на Легија

елиф елмас
Наполи и Елиф Елмас имаат голема пречка во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска на програмата се натпреварите од третото коло во Лига Европа, а свои нови настапи во ова натпреварување се очекува да имаат македонските репрезентативци Елиф Елмас и Стефан Ристовски.

Како што е веќе познато, Аријан Адеми се здоби со сериозна повреда поради која ќе отсуствува подолг период од терените и нема да може да му помогне на Динамо Загреб во следните месеци.

Во рамките од групата „Х“ од 18.45 часот „модрите“ и Ристовски гостуваат во Виена каде што на „Алијанц стадионот“ ќе ги одмерат силите против Рапид Виена. Моментно на табелата води Вест Хем со шест бодови, пред Динамо Загреб и Генк со по три, а без бодови е Рапид Виена.

Наполи кој знае само за победи досега сезонава во Серија А, од друга страна во ЛЕ тоа не се чувствува и има само еден бод во групата „Ц“. „Наполитанците“ и Елмас од 21.00 часот ќе имаат нов обид да стигнат до победа, а ривал им е полската Легија Варшава.

Во генералниот пласман по две кола во оваа група води Легија со шест бодови, четири има Лестер, три Спартак Москва, а еден Наполи. Црвена звезда има максимални шест бодови во групата „Ф“ и со евентуален триумф во Данска против Митјиланд ќе направи огромен чекор на пат кон обезбедување место во нокаут-фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот