Црвена звезда е светски рекордер по број на натпревари без пораз

Белградските „црвено-бели“ имаат учинок од 45 победи и пет нерешени средби/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Шампионот на Србија не е лидер во Суперлигата на Србија, но според „Gracenote Live“, кои се занимаваат со статистика и фудбалски факти, известуваат дека серијата на белградските „црвено-бели“ од 50 натпревари без пораз во домашното првенство (45-5-0) е најдолга во сите светски лиги.

Последниот пораз во домашниот шампионат го претрпе пред 492 дена. Поточно, на 14 јуни 2020 година, кога загуби од ТСЦ Бачка Топола со 2:1.

Звезда веќе го победи Пролетер на домашен терен во следното коло со 2:1, а единствените натпревари во кои не славеше од почетокот на сезоната 2020/21 до сега се оние против Партизан (1:1), Јавор (0:0), Рад (2:2), Војводина (0:0) и уште еднаш Партизан (1:1).

Во текот на претходната сезона, тие имаа само два порази во Европа, против Хофенхајм во групната фаза на Лига Европа (2:0) и против Омонија на пенали (1:1, 5:3) како дел од квалификациите за Лигата на шампионите.

Летово, Звезда загуби од Каират (2:1) и Шериф (1:0) исто така во квалификациите за ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот