Чурлинов: Ако има понуда од Шалке и клубот сака да ме врати, тогаш јас ќе ја донесам одлуката

фото: twitter.com/BurnleyOfficial

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов не би имал ништо против да се врати во својот поранешен клуб Шалке 04.

– Ако има понуда од Шалке и клубот сака да ме врати, тогаш јас ќе ја донесам одлуката – вели нашиот 22-годишен играч во интервјуто за „Спорт Билд“.

Чурлинов сезонава е дел од англискиот клуб Барнли кој успеа преку Чемпионшип да се врати во Премиер лигата, но Македонецот немаше голема минутажа, воедно и поради посериозна повреда два месеци беше надвор од терените, па тешко беше за него да се врати во посакуваната натпреварувачка форма.

Се шпекулира дека можно е негово враќање во Шалке со кој лани славеше враќање во Бундес лигата. Kлубот од Гелзенкирхен годинава води борба за опстанок во елитата, на три кола до крајот на сезоната се наоѓа моментно во „безбедната зона“ на 15 позиција со 30 бодови.

На прашањето дали би го избрал клубот доколку испадне во втората Бундес лига, Чурлинов одговори:

– Кога ја планирам кариерата, се потпирам на мојата агенција, која ми е како семејство. И ако таа ме посоветува дека е добро за мене, јас ќе го сторам тоа. Шалке едноставно не заслужува да игра во втора лига. Навистина се надевам дека ќе успеат да останат во лигата – рече Чурлинов.

Чурлинов е под договор со Барнли до 2026 година, сезонава има 13 настапи, со „само“ 353 минути. Пазарната вредност на македонскиот репрезентативец моментно се проценува на три милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот