Фото: FotoFlirt / Alamy / Alamy / Profimedia

Четири најчести реченици кои ги кажуваат неверните жени!

Не се само мажите неверни, и жените тоа го прават. Всушност, статистиката може да ве изненади, но жените се оние кои изневеруваат повеќе.

Во секој случај, изневерувањето не е нешто убаво или пријатно во ниедна врска. Ако не сте задоволни од вашата моментална врска, без разлика дали е врска или брак, обидете се да разговарате со вашиот партнер за да го поправите она што може да се поправи.

Не кревајте раце и не барајте утеха во некој друг. Секако, ако има насилство или каков било вид малтретирање во врската или бракот, разделбата е единствениот излез и никогаш не останувајте во таков однос.

„Не можам повеќе вака“

Ако вашата партнерка се плаши дека нејзините лаги би можеле да излезат на виделина, можеби дури и ќе ви навести дека сака да прекине со вас, предупредуваат психолозите. Но наместо да преземе одговорност, ќе ве натера да се почувствувате како вие да сте виновни и дека вашите постојани барања се претерани.

– Оној што изневерува сака да ги задржи работите скриени, па многу полесно му е да обвини отколку да преземете одговорност. Овие луѓе користат заканувачки реченици како „не можам повеќе“, што може да предизвика страв кај партнерот и тој може да попушти – велат психолозите.

„Ми треба малку време за себе“

Во превод ова значи „остави ме да уживам со друг човек додека одлучам што ќе правам со себе“. Секако, тоа не мора секогаш да е така, некои луѓе имаат работни, финансиски и други проблеми, но ако оваа реченица е придружена со постапки кои укажуваат на рамнодушност, сè е јасно.

„Вечерва излегувам со другарките“

Ниту ова не е проблематично ако не е зачестено и ако и вие самите немате некое чудно чувство во врска со нејзината приказна. Ако ви се чини дека ве лаже, веројатно тоа навистина е така.

„Проблемот е во тоа што не ми веруваш повеќе“

Ова можеби е добитната реченица! Таа навистина опишува дека нешто се случува. Обично, луѓето кои изневеруваат ѝ ја префрлаат вината на другата личност, со желба тие да бидат во право.

Не заборавајте дека ако сте посакале некој друг, најдобро е да раскинете со партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот