Четири летни овошки што го закрепнуваат организмот

лето, овошје
Фото: Profimedia + Unsplah

Лубеницата ја забрзува циркулацијата, кајсиите го елиминираат целулитот

Без многу дилеми, овошјето е, покрај зеленчукот, најпосакуваната храна на трпезата во текот на летната сезона, бидејќи е богато со антиоксиданти, витамино и минерали.

Здружени, тие ни помагаат да се ослободиме од вишокот килограми, но и од токсините наталожени во текот на зимата. Секако, како и во сè друго, потребно е да се пронајде вистинската мера, бидејќи во спротивно, шеќерите што се наоѓаат во составот на овие намирници може да предизвикаат спротивен ефект. Едно од решенијата може да биде комбинирање свежо овошје со бадеми, ореви или суво
овошје, кое е полно со влакна, протеини и масти, кои ја спречуваат прекумерната апсорпција на шеќерот, а и долго ја одржуваат ситоста. Откријте кое свежо овошје е најдобриот избор овие месеци.

Лубеница
Фото: Profimedia

Лубеница за циркулација

Освежувачка и одлична за одржување на линијата, лубеницата се препорачува за оние што сакаат да се ослободат од вишокот течности и токсини. Богата е со минерали, како што е калиум, а не треба да го заборавиме ниту витаминот Ц.

праски

Праски за подобро варење

Сто грама од ова овошје има само 30 калории, а влакната го забрзуваат варењето на храната. Исто така, тука е и витаминот Е, кој е важен за циркулацијата.

јагоди

Јагоди против токсини

Полифенолите ја стимулираат работата на црниот дроб, но и елиминирањето на токсините и масните наслаги. Покрај тоа, тие поволно влијаат врз дигестивниот систем и излачувањето.

кајсии

Кајсии

Ова овошје содржи витамини од групата Б, пред сè Б2 и Б3, кои учествуваат во метаболичките процеси. Со редовно внесување, тие го сузбиваат целулитот, бидејќи содржат и витамин Ц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот