Челси и Манчестер сити со најмногу претставници на Европското првенство
За Европското првенство пријавени се 624 фудбалери, а најмногу претставници ќе имаат победникот во Лигата на шампионите Челси и премиерлигашкиот шампион Манчестер сити, по 15 играчи.
На Евро 2020 ќе учествуваат 24 репрезентации чии играчи настапуваат во 32 држави и 208 клубови. Дури 152 играчи кои се пријавени за Евро 2020 играат во англиските лиги и тоа во 35 различни клубови. Договори во германските клубови имаат 91 играч, а 75 во Италија. Следуваат Шпанија (42), Русија (32), Франција (32)..
Европскиот шампион Челси и англискиот шампион Манчестер сити ќе имаат најмногу претставници на Европското првенство, по 15 репрезентативци. Германскиот шампион Баерн има 14 репрезентативци, Јувентус 12, а Манчестер јунајтед и Динамо Киев по 11.
И хрватскиот шампион Динамо Загреб високо котира на списокот според бројот на репрезентативци, „модрите“ имаат осум. Петмина во таборот на Хрватска (Доминик Ливаковиќ, Мислав Оршиќ, Бруно Петковиќ, Јошко Гвардиол, Лука Иванушец), Аријан Адеми и Стефан Ристовски играат за Македонија, а Марио Гаврановиќ за Швајцарија.
Надвор од Европа има 11 играчи кои се пријавиле на Евро 2020, седум од американската МЛС, тројца од Кина и еден од Јапонија. Најмногу фудбалери кои играат во татковината се Англичаните, 23 од 26 пријавени, а Италијанците и Русите имаат по 22 репрезентативци.
Македонија од домашното првенство има тројца играчи, Ристо Јанков (Работнички), Егзон Бејтулаи (Шкендија) и Марјан Радески (Академија Пандев).
Најмногу претставници на ЕП:
15 – Челси, Манчестер Сити
14 – Баерн Минхен
12 – Јувентус
11 – Манчестер јунајтед, Динамо Киев
10 – Борусија Дортмунд, Борусија Меннхенгладбах
9 – Ливерпул, Лајпциг, Интер
ЕВРО 2020: Колку репрезентациите заработуваат од дресот – Македонија е на дното!