ЕВРО 2020: Колку репрезентациите заработуваат од дресот – Македонија е на дното!
Германија и натаму е најголемиот бренд со договор од 65 милиони евра годишно…
Утре (11 јуни) официјално ќе започне Европското првенство, многумина се прашуваат кој ќе ја освои титулата, за едни фаворити се Французите, за други Португалците, некои се обложуваат на Англичаните или Белгијците…
Како и на повеќето големи спортски турнири, и на претстојниот европски шампионат битка ќе се води помеѓу два гиганти и ривали во производството на спортска опрема: „Најк“ и „Адидас“.
Од 24 учесници на ЕП, „Најк“ и „Адидас“ се технички спонзори на дури 17 репрезентации. Американската компанија „Најк“ прави дресови за девет репрезентации, а германската „Адидас“ за за осум.
Во тимот на „Најк“ се вклучени светските шампиони и први фаворити, Французите, како и Англичаните, Португалците, Холанѓаните, Турците, Полјаците, Хрватите, Финците и Словаците. Се чини дека списокот „Адидас“ е нешто помалку атрактивна. Тука од фаворитите се Германија, Шпанија и Белгија, како и „аутсајдерите“ Русија, Шкотска, Шведска, Велс и Унгарија.
„Пума“ има четири репрезентации на Евро 2020, најексклузивна меѓу нив е секако Италија, следена од Чешка, Швајцарија и Австрија. Само три други производители на спортска опрема имаат по еден клиент во шампионатот. Украинците играат во дресовите на шпанската „Хома“, Данците во опрема на матичниот „Хумел“, додека германскиот „Јако“ ги облекува Македонците.
Исто така е познато колку плаќаат производителите на спортска опрема за да бидат технички спонзори на националните тимови. „Адидас“ веќе 67 години прави опрема и дресови за германската репрезентација и по никоја цена не сака да тоа да го препушти на некој друг. Затоа и плаќа висока цена од 65.000.000 евра годишно! Толку Фудбалската федерација на Германија инкасира од локалниот гигант.
Американската компанија за Франција плаќа 50.000.000 евра годишно, а за Англија 40.000.000 евра годишно. На четврто место е договорот кој „Пума“ го има со Италија и вреди 30.000.000 евра годишно. Сепак, репрезентацијата на Италија е препознатлива марка и низ историјата ја диктираше модата на големите натпреварувања.
1. Германија (Адидас) – 65.000.000 евра годишно
2. Франција (Адидас) – 50.000.000
3. Англија (Адидас) – 40.000.000
4. Италија (Пума) – 30.000.000
5. Шпанија (Адидас) – 18.500.000
6. Русија (Адидас) – 13 000 000
7. Холандија (Најк) – 11.000.000
8. Португалија (Најк) – 7.500.000
9. Турција (Најк) – 3.850.000
10. Белгија (Адидас) – 3.000.000
11. Полска (Најк) – 3.000.000
12. Шкотска (Адидас) – 2.900.000
13. Чешка (Пума) – 2.500.000
14. Шведска (Адидас) – 2.000.000
15. Хрватска (Најк) – 2.000.000
16. Швајцарија (Пума) – 2.000.000
17. Данска (Хумел) – 2.000.000
18. Велс (Адидас) – 1.500.000
19. Украина (Хома) – 1.500.000
20. Австрија (Пума) – 1.300.000
21. Финска (Најк) – 1.000.000
22. Словачка (Најк) – 1.000.000
23. Унгарија (Адидас) – 1.000.000
24. Македонија (Јако) – 500.000
Шишковски: Сите ќе бидеме мотивирани во недела, без разлика кој ќе игра против Австрија