Шишковски: Сите ќе бидеме мотивирани во недела, без разлика кој ќе игра против Австрија

Македонскиот голман го продолжи договорот со кипарската Докса/Фото: ФФМ

Вториот голман на фудбалската репрезентација на Македонија, Дамјан Шиковски а денешната прес-конференција во Букурешт изјави дека фудбалерите не чувствуваат притисок пред дебитантскиот настап на Европските првенства.

– Сите ќе бидеме мотивирани во недела, без разлика кој ќе игра, кој е на клупа и мислам дека таа мотивација ќе биде доволна за да извлечеме добар резултат. За мене, добар резултат е победа. Австрија двапати не победи на претходните квалификации, а иако загубивме во Скопје со 1:4, мислам дека научивме доста од тој меч. Сега не чека сосема поинаков натпревар, тргнуваме од нула и секој натпревар е различен. Австрија за нас сега е најважна, а се надевам дека ќе биде најдобриот натпревар во историјата на репрезентацијата. Ние сепак за секој меч се подговуваме на ист начин – вели Шишковски кој потенцира  дека нијанси ќе одлучуваат на натпреварот против Австрија.

– Верувам дека дефанзивата ќе го одлучи победникот, можеби и само пооеделни минимални грешки може да бидат пресудни. Австријците се физички силни, играат германски фудбал, опасни се од прекини, но ние се фокусираме само на нашата игра која верувам ќе не донесе до посакуваниот позитивен резултат.

Димитриевски: Не дојдовме на ЕП за да собираме искуство, најважно е да не загубиме од Австрија на стартот 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот