Димитриевски: Не дојдовме на ЕП за да собираме искуство, најважно е да не загубиме од Австрија на стартот 

фото: ФФМ

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски вели дека веќе е направена анализата на првиот противник на ЕП, Австрија. Стандардниот голман на репрезентацијата исто така вели дека Македонија е дојдена на Евро 2020 само за да биде учесник туку и дека целта е да се помине групата.

– Максимално сме мотивирани, но немаме притисок. Секој притисок го претвораме во мотивација да дадеме максимуим и да одиграме одличен прв натпревар. Добро ги анализираме противниците, мислам дека имаат доста квалитетни играчи, затоа треба да бидеме подготвени одбраната и јас да реагираме. Автријците имаат играчи како Арнаутовиќ, Алаба имаат доста поединци, шутери, тоа го тренираме на тренинзите, се подготвуваме за да може да најдобро да им парираме на нивните добри страни. Не дојдовме тука само за искуство. Да одиграме најпрво три натпревари, да освојуваме бодови. Реално, го исполнивме сонот. Сега нашиот сон и нашите амбиции да можеме да ја поминеме групната фаза. Пред се најважно ни е да не го загубиме мечот со Австрија, и да одиме чекор по чекор. Верувам во моите соиграчи и во стручниот штаб – вели Димитривски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот