Царовска: Најдобро е училиштата да останат отворени

Фото: Фејсбук, Мила Царовска

Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие.

Нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, рече, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.

Потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.

– Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие, додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградба на основно училиште во Визбегово.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот