Бузалковски со две први места на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Одлични резултати на македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски, во Серес, Грција/Фото: Агенција за млади и спорт

Изминатиот викенд МФСМ го организираше првиот натпревар од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам крај патеката во Серес, Грција.

Учество земаа 123 натпреварувачи, од кои осум од нив беа од Македонија и се натпреваруваа во две класи: Христијан Бузалковски, Љупчо Пендовски, Павле Ташковиќ, Димитар Димитров, Иво Таневски, Душко Чифлиганец, Синиша Кочовски и Слободан Ивчевски.

Во класата „Ф600“ најдобар беше Христијан Бузалковски со освоени две први места.

Потоа, во класата „Ф1000“ Синиша Кочовски освои две втори места, додека Душко Чифлиганец имаше освоено прво место во саботната трка.

– На сите наши учесници им честитаме за учеството и им посакуваме успех во следните натпревари – информираат од Агенцијата за млади и спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот