Бурната љубовна приказна на Неда Арнериќ, македонската Делфина и југословенската Ширли Темпл
Неда Арнериќ ја освои публиката на поранешна Југославија со својот талент, харизма, но и со својата раскошна убавина.
Ја нарекуваа југословенската Ширли Темпл, а со својата убавина и талентираност го сврте вниманието кон себе во филмот „Вишна од Ташмајдан“.
Препорачано
Родена е на денешен ден, 15 јули 1953 година, а со неполни 13 години се појави на страниците на југословенските магазини како главна ѕвезда на филмот „Сон“ и стана првата детска филмска ѕвезда во поранешна Југославија.
View this post on Instagram
Публиката ја памети по култните остварувања како што се филмовите „Ко то тамо пева“, „Варљиво лето, 68“, „Тајванска канаста“, „Време чуда“, а ние најмногу по улогата во филмот „Исправи се, Делфина“.
Нејзиниот живот покрај глумата го обележија и бројни љубови. Секако, најголема од нив е докторот Милорад Мештеровиќ, со кого беше во брак 35 години. Кога Мештеровиќ починал по долгата и тешка борба со карциномот, глумицата тоа многу тешко го поднесе и водеше тешка битка со депресијата. Една година по смртта на нејзиниот сопруг Неда беше пронајдена мртва во нејзиниот стан.
„Тој ми е мене сè, син, брат, татко, љубовник и пријател. Толку бев среќна што истуркавме заедно. Имаше разни чудесии, не бевме светци, но најголем пријател ми беше“, искрено во една прилика истакна глумицата.
Се запознале на претстава, потоа излегле на вечера, а по неколку дена почнале да живеат заедно. Неда еднаш рекла дека штом го видела, знаела дека ќе остане со него засекогаш.
„Имав среќа. Пред тоа испробував секакви работи бидејќи не треба да се врзуваш за некои луѓе што ги познаваш од училиште. Имам многу пријателки кои се омажија за своите момчиња од училиште и сè што имаа во животот беше тој еден маж. Прво мора да пробаш сè, за да најдеш точно какви луѓе ти требаат. Мора малку да го вклучиш разумот, не можеш само да ги следиш емоциите. Е, јас прво пробав, а потоа го вклучив разумот и сфатив дека тој е прекрасен, благороден, добар, искрен, светски човек кој многу патувал, кој секогаш ќе ме води и ќе биде еден чекор пред мене. Можеби и нема да биде така, но јас ќе имам чувство дека тој е секогаш еден чекор пред мене и ме води“, рече Неда еднаш за српски „Блиц“.
Пред него била во брак со режисерот Дејан Караклајиќ и со глумецот Раде Марковиќ. Поради големата разлика во годините со Марковиќ тој брак јавноста го сметаше за југословенска верзија на односот на Миа Фароу и Френк Синатра и беше нарекуван „забранета љубов“.
View this post on Instagram
„Раде Марковиќ е многу значаен за мене. Со него проживеав три прекрасни години. Сега се чудам колку беше постар од мене, но меѓу нас сè феноменално функционираше. Не сфаќав зошто сите се згрозуваа и се фаќаа за глава поради нас двајца, на чело со мајка ми. Можете да замислите…“, зборуваше Неда.
„Дури 32 години, огромна разлика, која јас не ја чувствував. Со него научив да ја сакам сериозната музика, да читам паметни писатели, да подготвувам театарски улоги, научив да скијам, да играм тенис, да шетам по планините, ја засакав природата… Ни беше преубаво. И сè додека Раде беше жив, кога и да се сретневме, со носталгија се сеќававме на тие наши години. Голема улога имаше во мојот живот.“
Иако сакала да има деца, не ја почувствувала таа среќа, а неколкупати отворено зборуваше за тоа.
„Немам деца, но не затоа што не сакав, едноставно не ми се посреќи. Сепак, од таа ситуација денес можам да заклучам дека од секое зло не мора да произлезе зло. Гледам дека сега, во овој пореметен систем на вредности, тешко е да се воспитуваат деца…“
За своите разголени улоги во едено интервју рече:
„Не знаев ништо за тоа и играв нешто што уште немав доживеано. Многу рано научив дека снимањето филм е работа која во договор со режисерот треба сериозно да се сфати. Во сценариото, на пример, пишуваше: Тие се будат наутро и по водењето љубов почнува приказната. А јас во тоа време не знаев како се води љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а јас се сметам за добар занаетлија“, објаснила Арнериќ.
View this post on Instagram


