Бурито според традиционален мексикански рецепт
Бурито е традиционално мексиканско јадење што се состои од тортилја од пченично брашно полнета со прилози. Вообичаено тортилјта полека се пече на жар или се вари на пареа, да омекне и да може да се витка. Во Мексико најчести прилози се месо, грав и јајца, кои се збогатуваат со свеж зеленчук по желба.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во Соединетите Американски Држави, буритото вообичаено вклучува комбинација од состојки како што се: ориз на мексикански начин (со домат, лук и сл.) или обичен ориз, грав или кашест грав, зелена салата, салса, гвакамоле (сос од авокадо), месо, сирење и павлака, а количината варира. Типичното бурито во американски стил се полни со повеќе состојки од она во мексикански.
Состојки:
– 1 голема тортилја
– 2 јајца
– 75 грама конзервиран грав
– 50 грама рендано сирење по желба
– 2 лажици доматен сос
– сол и бибер по вкус
Подготовка:
Загрејте ја тортиљата во тава. Испржете ги јајцата како кајгана и префрлете ги на тортиљата.Конзервираниот грав измешајте го со кечап и додадете го во јајцата. Врз оваа смеса додадете и рендано сирење.
По желба можете да додадете и рендана зелка, шери домати, пиперки, кромид, маслинки, авокадо или друг зеленчук. Завиткајте ги сите состојки во тортиљата и уживајте во овој вкусен оброк.
Добар апетит!


