Бундеслига: Кузмановски втор стрелец во поразот од Лемго

кузмановски
Филип Кузмановски покажува одлични партии во дресот на Хановер-Бургдорф/Фото: facebook.com/DIERECKEN

Денеска во рамките од 23 коло во најсилното германско првенство составот на Хановер-Бургдорф загуби на домашен терен од Лемго со 27:31.

Тоа е веќе 13 пораз, четврти во последните пет средби, Хановер-Бургдорф моментно е на 14 позиција со 14 бодови, додека Лемго е на деветтото место со 22, 18 помалку од водечкиот Магдебург.

Тоа што радува е новата добра партија на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој петпати се запиша во листата на стрелците.

Поефикасен од нашиот играч беше само Данецот Јохан Хансен со седум погодоци, а на спротивната страна девет голови беа дело на Исланѓанецот Бјарки Мар Елисон, еден повеќе од Тим Сутон.

Рајн-Некар Левен на гости го совлада Минден (31:33), Мелсунген со 26:22 подобар од Хамбург, а во македонското дерби Штутгарт ремизираше со Вецлар. За Штутгарт Жарко Пешевски имаше два гола, а кај гостите Филип Миркуловски запиша еден погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот