„Брза помош“ за гладните: 3 заситувачки салати кои ќе ги подготвите за час!

салата
Фото: Пиксабеј

Нема ништо полошо од тоа кога сте гладни, а треба да готвите оброк еден час или повеќе. Имено, обично се подразбира дека квалитетен оброк бара малку повеќе внимание.

Можно е да се храниме и здраво и урамнотежено без да трошиме премногу време за подготвување оброци. Затоа ви пренесуваме три совршени рецепти – салати полни со витамини, кои брзо и лесно се подготвуваат и ќе го задоволат пробирливото непце.

 

Салата од тестенини со ореви

За 4 лица

Сварете 400 гр тестенини според упатството на пакувањето и потоа исцедете ги. Излупете 1 морков, 1 црвена пиперка, ½ праз и ¼ краставица. Измијте ги и исечете ги на стапчиња. Потоа измешајте 200 гр пченка (конзервирана), 50 гр сечкани ореви, 200 гр мелено свежо козјо сирење, зеленчук, тестенини, 5 лажици масло, 4 лажици оцет и сол.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KusinaniJenny101 (@kusinanijenny101)

Салата од компири со рукола

За 4 лица

Измијте 1 кг помали компири и варете ги во солена вода околу 20 минути. За преливот измешајте 2 лажички рендана кора од лимон, 5 лажици сок од лимон и маслиново масло, сол, бибер по вкус и 100 мл супа од зеленчук. Излупете ја кората и измешајте ги со преливот додека е уште топол. Оставете ја салатата да отстои околу 1 час. Исчистете, измијте и исечкајте 1 зелена, жолта и црвена пиперка. Измијте ги и преполовете 500 гр мини домати. Исчистете 2 снопови рукола, измијте ја, протресете ја и искинете ја на парчиња со големина на залак. Измешајте ги сите состојки.

Пилешка салата „Азија“

За 4 лица

Излупете 150 гр моркови и 1 парче корен од ѓумбир, па исечете ги на ленти или исечкајте ги. Потоа измијте 150 гр свежи никулци од грав. Морковите, ѓумбирот и никулците бланширајте ги во врела вода околу 2 минути, извадете ги од цедалка да се исцедат и зачувајте ја течноста. Измијте 400 гр пилешко филе, исушете го и варете околу 15 минути во течноста за бланширање. Извадете го месото и оставете да се излади.

За сосот, пржете 2 лажици кари во 2 лажици масло, измешајте 200 мл кокосово млеко и оставете да зоврие. Вмешајте една лажица путер од кикирики и зачинете го сосот со 2 лажици сок од лимон и 2 лажици кафеав шеќер. Гответе околу 15 минути. Месото исечкајте го на стапчиња, измешајте го со зеленчук и 2 лажици сусам и на крај посолете и побиберете. По желба додадете неколку листови коријандер и измешајте го сосот од кикирики непосредно пред сервирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот