Фото: Natalia Peredniankina / Alamy / Alamy / Profimedia

Брза пита со тиквички и сирење: Рецепт што има малку работа, а многу задоволство

Лесна пита со тиквички и сирење е идеален оброк за топол септемвриски ден. Во овој рецепт освојува тоа што има малку работа, а многу задоволство.

Состојките се секојдневни и добро избалансирани, па тиквичките ќе блеснат само со малку лук, кромид и маслиново масло. За питата по овој рецепт ќе користите готови кори, а доколку сакате да се испробате можете да ги направите и сами.

Состојки:

2 тиквички изрендани и исцедени
300 г сирење
2 јајца
2 чешниња лук, сецкани
1 црвен кромид, сецкан
3 лажици маслиново масло (оставете една лажица за премачкување)
200 г готови кора за пита
црн пипер
сол
сусам или ким по желба за посипување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
На загреано маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот неколку минути.
Во сад измешајте го динстаниот кромид, лукот, зачините, јајцата, тиквичките и сирењето.
Садот за печење подмачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење.
На дното од садот ставете 2-3 кори и секоја премачкајте ја со маслиново масло.
Потоа врз корите рамномерно распоредете ја смесата со тиквички и сирење.
Преостанатите кори исечете ги на ленти и наредете ги одозгора, ставајќи ја едната хоризонтално, а другата вертикално.
Секоја лента премачкајте ја со маслиново масло, а по желба можете да ги посипете лентите со сусам или ким.
Печете околу 35 минути додека питата не добие златна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот