Затворот „Идризово“, Фото: МИА / архива

Брутална тепачка меѓу затвореници во „Идризово“ – еден е тешко повреден

Тешко повреден затвореник е пренесен на скопските клиники откако избила тепачка во затворот „Идризово“, соопшти МВР.

Според информациите, тој бил повреден со остар предмет во пресметка со други двајца затвореници, при што биле користени и тврди предмети.

„На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М., на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза““ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот