Брус Спрингстин / Фото: EPA-EFE/PAUL BERGEN

Брус Спрингстин остро против Трамп пред 200.000 луѓе: „Оваа ноќна мора нема да помине“

Легендарниот музичар Брус Спрингстин настапи на големиот протест „Без кралеви“ (No Kings) во Сент Пол, во американската сојузна држава Минесота, каде пред повеќе од 200.000 луѓе ја изведе песната „Streets of Minneapolis“.

Спрингстин беше претставен на сцената од гувернерот на Минесота Тим Волц, по што одржа емотивен говор посветен на отпорот на граѓаните кон политиките на администрацијата на Доналд Трамп.

„Оваа зима федерални сили донесоа страв и смрт на улиците на Минеаполис, но го избраа погрешниот град“, порача Спрингстин.

Тој ја пофали солидарноста на граѓаните, нагласувајќи дека нивната реакција дала надеж и храброст на целата земја.

Во говорот, музичарот спомена и двајца жители на Минеаполис кои, според неговите зборови, биле убиени за време на акциите на имиграциските служби, нагласувајќи дека нивните имиња нема да бидат заборавени.

По неговото обраќање, публиката скандираше „ICE надвор сега“, по што Спрингстин ја започна изведбата на песната, која ја напиша непосредно по настаните.

Ова беше третпат како ја изведува „Streets of Minneapolis“ во живо, откако премиерно ја претстави во јануари.

Протестот „Без кралеви“ е дел од бран демонстрации ширум САД против актуелната политика, со над 3.100 регистрирани настани во сите 50 држави.

Настапот на Спрингстин доаѓа непосредно пред неговата нова турнеја „Land of Hope and Dreams“, која започнува на 31 март во Минеаполис, а ќе заврши во Вашингтон на 27 мај.

„Живееме во темни и опасни времиња, но помошта доаѓа“, порача музичарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот