Брнабиќ: Од 1 мај вакцинираните граѓани добиваат дигитален ковид сертификат

Таа додаде дека Србија ги споделила своите сертификати со Светската здравствена организација (СЗО), како и со некои други земји, наведувајќи дека верува дека тие земји ќе ги прифатат сертификатите.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од сабота, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Благодарение на ИТ системот, можеме да имаме целосно електронски ковид сертификати, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија ги споделила своите сертификати со Светската здравствена организација (СЗО), како и со некои други земји, наведувајќи дека верува дека тие земји ќе ги прифатат сертификатите.

Според Брнабиќ, во Србија две дози вакцини против коронавирусот примиле 25,6 отсто од граѓаните, односно 1.462,125 лица.

-Имунизирани се, односно поминале две недели од примање на втората доза на вакцината или пет недели во случај на примање на вакцината Астра Зенека вкупно 1.261.974 или 22 отсто лица.

Како што оцени, постојат големи разлики во бројот на вакцинирани меѓу различни градови, наведувајќи дека најголем број вакцинирани има во Белград (над 600.000).

Брнабиќ кажа и дека меѓу хоспитализираните низ Србија, кои се нешто помалку од 5.000, 98% од нив не биле вакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот