Брижит Бардо бесна поради гласините за нејзината смрт: „Не знам кој е идиотот што ја започна оваа лажна вест“
Француската актерска икона Брижит Бардо ги негираше гласините за сопствената смрт што се раширија на социјалните мрежи. 91-годишната актерка се огласи на својот профил на Икс за да стави крај на шпекулациите што ги започна еден инфлуенсер, објави „Пипл“.
Препорачано
Во објава напишана на француски јазик Бардо рече: „Не знам кој е идиотот што ја започна оваа „лажна вест“ за моето заминување, но знајте дека сум добро и немам намера да си одам.“
Нејзината изјава дојде откако 27-годишен инфлуенсер, чие вистинско име е Анис Зитуни, тврдеше во сега избришана објава дека Бардо починала. Тој тврдеше дека има „ексклузивни информации“ и дека „нејзиниот ковчег е нарачан“, додавајќи дека „икона починала, оставајќи зад себе незаборавно наследство“.
Je ne sais pas quel est l’imbécile qui a lancé ce soir cette fake news sur ma disparition mais sachez que je vais bien et que je n’ai pas l’intention de tirer ma révérence. À bon entendeur
— Brigitte Bardot (@brigitte_bardot) October 22, 2025
Гласините се појавија околу една недела откако францускиот весник Вар-Матин објави дека актерката била хоспитализирана речиси три недели во Тулон, каде што била оперирана.
Откако Бардо ја негираше веста, инфлуенсерот продолжи со своите тврдења, наведувајќи дека актерката не го управува својот профил на социјалните мрежи.
„Го избришав мојот ексклузивен твит за смртта на Брижит Бардо. Таа не е таа што го управува нејзиниот профил на Твитер, ќе видите кога АФП официјално ќе ја објави смртта“, напиша тој.
Иако извори за Вар-Матен претходно ја опишаа нејзината состојба како „загрижувачка“, тие посочија дека се очекува таа да се врати дома во Сен Тропе. Канцеларијата на Брижит Бардо потврди за француската новинска агенција АФП на 17 октомври дека нејзината „мала операција“ поминала добро.
Во соопштението се вели дека Бардо им се заблагодарила на персоналот и хируршкиот тим во болницата во Тулон и сега одмара дома.
Брижит Бардо се опоравува дома откако помина три недели во болница


