JOBARD / ČTK / Profimedia

Брижит Бардо се опоравува дома откако помина три недели во болница

Брижит Бардо се опоравува дома откако претходно беше примена во болница поради здравствени проблеми.

Легендарната 91-годишна француска актерка објави дека моментално се опоравува по неодамнешната „мала операција која поминала добро“ и она што го опиша како „сериозна болест“.

Иако не откри детали за болеста или за операцијата, францускиот весник „Вар-Матин“ ја нарече нејзината здравствена состојба загрижувачка. Нејзината прес-служба потврди дека актерката се вратила дома во Сен Тропе по тринеделен престој во болница, објавува „Ролинг Стоун“.

Бардо му се заблагодари на персоналот и на хируршкиот тим на приватната болница Сен-Жан во Тулон, каде што беше сместена за време на лекувањето. Блиски луѓе на глумицата изјавија за медиумите дека актерката моментално успешно се опоравува во својот дом.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот