Британско основно училиште бара од момчињата да носат сукњи: „Да покажеме еднаквост“

Деца од основно училиште во Британија/ Фото EPA/RICK FINDLER

Едно основно училиште од Единбург побарало од момчињата, како и од девојчињата на возраст од три години еден училишен ден да носат здолништа, со цел да „промовираат еднаквост“, пишува Дејли Меил.

Но, барањето од основното училиште „Castleview“ во Единбург беше критикувано од некои од родителите.

Ваков сличен случај имало и во Шпанија каде што наставниците и децата носеле здолништа за да покажат солидарност со момчето кое претходно било избркано од училиштето токму поради носење на здолниште.

Во Шпанија сега секој 4-ти ноември  е ден кога децата и наставниците носат здолниште на училиште. 

Училиштето испратило соопштение до родителите дека децата би се „чувствувале порелаксирано“ во здолништа отколку во хеланки или панталони, а тие дури им препорачале на родителите, доколку немаат соодветни здолништа во нивните домови, дека тие можат да обезбедат здолништа за момчињата.

„Оставете ги децата да бидат деца“

Една мајка на својот Твитер профил напишала дека е згрозена од барањето на улилиштето.

„Мојот син има пет години и штотуку го добив соопштението од училиштето! Оставете ги децата да бидат деца“.

Друг родител на Твитер исто така го осуди ваквото барање: „Ако момчето сака да носи здолниште на училиште, треба да му биде дозволено, но зошто да се врши притисок врз луѓето да бараат од нивниот син да облече здолниште ?“

Во соопштението на улилиштето се додава дека тие „сакаат училиштето да биде инклузивно и да промовира еднаквост“.

Наставниците исто така им се обратиле на родителите: „Ние сакаме да ја шириме пораката дека облеката нема пол и дека сите треба да бидеме слободни да се изразуваме како што сакаат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот