Британската штафета остана без среброто од ЛОИ во Токио

Штафетата на 4х100 метри на Обединетото Кралство на ЛИО во Токио/фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Судот за спортска арбитража и го одзеде сребрениот медал на машката штафета на 4х100 метри на Велика Британија освоена на Летните олимписки игри во Токио минатата година.

Британците без среброто останаа поради позитивниот допинг тест на Сиџеј Уџо. Спринтерот беше суспендиран уште минатиот месец бидејќи и во неговиот Б примерок имало присуство на лекот Остарин кој се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Денеска Судот за спортска арбитража донесе конечна одлука ѝ и на британската штафета и го одзеде сребрениот медал. Атлетичарот се правдаше  дека никогаш не мамел и никогаш свесно не ги прекршил допинг правилата.

Сребрениот медал ќе и припадне на штафетата на Канада која трката ја заврши на третото место, додека бронзениот медал ќе отиде на градите на кинеските спринтери. Златниот медал го освои штафетата на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот