Британска вдовица измамена за 500.000 фунти: Лажен Џејсон Момоа ѝ ветил дека ќе им изгради заеднички дом на Хаваи
Нова приказна за онлајн измама доаѓа од Велика Британија, каде што вдовица останала без своите животни заштеди и покрив над главата откако поверувала дека е во врска со холивудскиот актер Џејсон Момоа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за измама кадешто измамникот користел вештачка интелигенција за да ја убеди во лаги, што на крајот ја чинела 500.000 фунти (570.000 евра), пишува „Лед бајбл“.
Жената, чие име не е објавено за заштита на приватноста, почнала да ја следи фан-страницата на Џејсон Момоа по смртта на нејзиниот сопруг со кого била во брак 50 години. Набргу потоа, на нејзино изненадување, добила порака за која верувала дека е од самиот актер.
Измамникот користел видеа генерирани од вештачка интелигенција за да ја убеди вдовицата дека таа и 46-годишниот актер, кој се разведе од Лиса Бонет во 2024 година, се предодредени еден за друг. Откако ја добил нејзината доверба, следеле барања за пари.
Лажниот Момоа тврдел дека итно му требаат пари за филмски проекти, а тој ѝ побарал 500.000 фунти за да може да им изгради куќа од соништата во неговото родно Хаваи. Убедена во љубовната приказна, жената ја продала својата куќа во Кембриџшир за да ја собере потребната сума. Штом ги испратила парите, нејзиниот мистериозен додворувач исчезнал без трага.
Полицијата во Кембриџшир го потврдила случајот: „Ова можеби звучи неверојатно, но е вистинска приказна и оставила ранлива жена бездомник.“
Ова не е првпат ликот на Џејсон Момоа да биде злоупотребен на овој начин. Баба од Њукасл исто така паднала под слична измама, губејќи 92.800 евра.


