Британија заработува задолжувајќи се, за прв пат продаде обврзница со негативен принос

Со ова Обединетото Кралство им се придружи на Јапонија, Германија и некои други европски земји во продажбата на долг со принос под нула проценти, што според оценките на „Ројтерс“ укажува на можна длабока рецесија.

Велика Британија денеска за прв пат продаде државна обврзница со негативен принос, што пак значи дека владата реално заработува задолжувајќи се, бидејќи инвеститорите прифатија по доспевањето да им се исплати помала сума од онаа која и ја позајмиле на државата.

Државната канцеларија за управување со долгот соопшти дека на аукција продала државни обврзници во износ од 3,75 милијарди фунти по негативна стапка од -0,003 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Рокот на доспевање е во јули 2023 година.

Сепак инвеститорите ќе добијат каматна стапка од 0,75 отсто, но обврзницата ја платиле поскапо од нејзината номинална вредност, па така повратот на пари ќе биде помал од износот кој го позајмиле доколку овој партнерски документ ќе се држи до рокот на доспевање.

Со ова Обединетото Кралство им се придружи на Јапонија, Германија и некои други европски земји во продажбата на долг со принос под нула проценти, што според оценките на „Ројтерс“ укажува на можна длабока рецесија поради корона кризата и понатамошните активности на централните банки во купувањето обврзници за да се ублажи нејзиното влијание.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот