Бразилецот Рафаел Гоес, ново засилување за Работнички

Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва е нов фудбалер на Работнички. Тој стави потпис на договор со клубот и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.
Гоес ја поминал школата на славниот бразилски клуб Фламенго, а Работнички е негов прв клуб во Европа.
– Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва. Има одлични препораки, ја поминал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички.
Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но може по потреба да одигра и во одбраната – вели спортскиот директор на ФК Работнички, Горан Станковски.
Видео на денот