Бранковски го освои 14 место на Медитеранските игри во Оран

Борјан Бранковски беше конкурентен сè до крајот на натпреварот во Оран/Фото: Македонски олимписки комитет

Настапот заврши и за стрелецот Борјан Бранковски кој во дисциплината воздушен пиштол мажи на Медитеранските игри во Оран, Алжир со резултат од 563 кругови се пласира на 14 место со серии: 94 94 96 94 95 90.

Од самите серии може да се заклучи дека македонскиот натпреварувач беше конкурентен сè до крајот на натпреварот.

Цврсто се држеше од осмото до 10 место сè до пред крајот кога направи неколку грешки со погодоци од седум и осум кои беа пресудни за пласманот на 14 место.

За потсетување Бранковски го држи македонскиот државен рекорд од 573 кругови во оваа дисциплина кој беше постигнат минатата година на Олимписките игри во Токио што ни кажува дека младиот стрелец има потенцијал кој во наредниот период заедно со својот тренер Јордан Тасевски треба да се преточи во медал.

За влез во финале и дополнителна борба за медал на првите осум стрелци беа потребни 572 кругови.

Солиден настап на Мојсовска на Медитеранските игри во Оран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот