Бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест на „стаклени нозе“: Ким плаче во автомобил додека разговара со сопругот! (ФОТО)
Изгледа дека работите не се идилични во бракот на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест (39) и раперот Канје Вест (43). Парот прв пат е виден во јавноста откако Канје предизвика сцена со изјавите во емисија во живо и објавите на Твитер.
Папараците ги забележале како се караат во автомобилот, а Ким цело време плачела.
По изразите на нивните лица се заклучило дека нивниот однос и понатака е на „стаклени нозе“ после скандалот.
Сета оваа драма се случува додека раперот ја започна својата претседателска кампања, односно се кандитира за претседател на САД за претстојните избори.
Канје, како што пишуваат странските медиуми, свесен е дека со своето однесување ја повредил сопругата Ким и затоа јавно ја замоли таа да му прости.
„Се извинувам на својата сопруга што со приватните работи излегов во јавност. Не ѝ го чував грбот како што таа ми го чува мене. Ким, знам дека те повредив. Те молм, прости ми. Благодарам што си секогаш тука за мене“, јавно се извини Канје Вест минатата недела.
По скандалот Канје Вест ја моли Ким за прошка: Јавно ѝ се извини на Твитер
Кружеа гласини дека парот се разведува бидејќи Ким се сретнала во хотел со раперот Мик Мили. Ким тврди дека разговарале за реформи во судството, но во таа приказна Канје воопшто не поверувал и побарал развод. Сепак, тие наводи беа подоцна демантирани од Ким, кога таа за Канје Вест напиша „Немоќни сме, тој не е добро!“
Ким Кардашијан конечно проговори за нервниот слом на Канје Вест: Немоќни сме, тој не е добро!
Потсетуваме дека целата драма започна кога Канје јавно откри приватни детали од нивниот живот, особено оној дека Ким сакала да го абортира првото дете.
Ким Кардашијан и Кање Вест се заедно од 2012 година, а во 2014 година ја официјализираа врската и стапија во брак. Тие се заедно вкупно осум години и имаат четири заеднички деца: Норт (роден 15 јуни 2013, Сеинт (роден 6 декември 2015), Чикаго (родена 15 јануари 2018 година) и Псалм (роден 9 мај 2019 година).