Ким Кардашијан конечно проговори за нервниот слом на Канје Вест: Немоќни сме, тој не е добро!

EPA-EFE/RINGO CHIU

После неколку дена молк, Ким Кардашијан проговори за менталното здравје Канје Вест и неговиот нервен слом, откако раперот, а сега и кандидат за претседател на САД, со изјавите ја шокираше светската јавност.

Сопружниците Кање Вест и Ким Кардашијан / Фото: Профимедиа

Започна претседателската кампања на Канје Вест: На хаотичен митинг во панцир дебатираше за абортусот

Како што пишува Ким на инстаграм-стори, семејството е немоќно околу се тоа, а Канје е „генијален, но и комплициран“.

инстаграм

„Многу од вас не знаат дека Канје има биполарно пореметување. Сите кои се борат со тоа или имаат блиска личност која се бори, знаат колку е тоа неверојатно комплицирано и болно. Никогаш јавно не зборував за тоа како влијае на нас, бидејќи сакам да ги заштитам нашите деца и правото на Канје за приватност кога станува збор за неговото здравје. Но денес се чувствувам дека морам да коментирам, бидејќи постојат стигми и несфатеност кон менталните болести“, пишуа таа.

Истакнува дека зборовите на Канје некогаш не се поклопуваат со неговите намери, а ова следува откако раперот објави дека се обидува да се разведе од неа откако се сретнала во хотел со раперот Мик Мили. Твитот исчезна, односно беше избришан набргу по објавата.

Твитот на Кање Вест во кој вели дека се обидува да се разведе од Ким

„Оние кои ги разбираат менталните болести и компулсивното однесување (биполарноста) знаат дека семејството е немоќно освен ако не станува збор за малолетник. Знам дека Канје е предмет на критики бидејќи е јавна личност, а неговите постапки предизвикуваат силни емоции и размислување. Тој е генијална, но комплицирана личност која е под постојан притисок како црн уметник кој чувствува болка поради загубата на неговата мајка и постојано се сноси со притисокот од изолацијата, што почесто го предизвикува неговото биполарно однесување. Оние кои се блиски со него ја знаат неговата душа и сфаќаат дека неговите зборови понекогаш не се поклопуваат со неговите намери“, продолжи Ким.

инстаграм

„Животот со биполарното пореметување не ги намалува неговите сонови и креативност, без разлика на тоа колку несфатливо им изгледа тоа на другите. Тоа е дел од неговата генијалност која ја сведочиме сите, неговите бројни сониште се исполнија“, пишува Ким.

инстаграм

„Личноста сама мора да побара помош, а не семејството и пријателите наместо неа“, заклучи Ким Кардашијан.

Семејството Кардашијан-Вест /  Фотографија: Profimedia

Ким Кардашијан и Кање Вест се заедно од 2012 година, а во 2014 година ја официјализираа врската и стапија во брак. Тие се заедно вкупно осум години и имаат четири заеднички деца: Норт (роден 15 јуни 2013, Сеинт (роден 6 декември 2015), Чикаго (родена 15 јануари 2018 година) и Псалм (роден 9 мај 2019 година).

Канје Вест не престанува да го шокира светот: Ким сакаше да ме однесе во лудница, нејзината мајка ја продала секс-снимката! (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот