Канје Вест не престанува да го шокира светот: Ким сакаше да ме однесе во лудница, нејзината мајка ја продала секс-снимката! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Американскиот рапер Канје Вест (43) го одржа првиот митинг во склоп на претседателската кампња, а неговото плачење на говорот дека сакал да ја „убие“ својата ќерка, го шокираше светот.

Меѓутоа, никој не очекуваше дека после неговиот говор ќе се случи вистински хаос.

Имено, Канје се огласи на Твитер со низа пораки со кои уште повеќе ја шокираше јавноста, но очигледно му наштети на своето семејство.

Во низата твитови кои раперот ги објави на 20 јули, тој ги открил плановите на својата сопруга Ким Кардашијан, која сакала да му „помогне“.

Фото: Твитер

Канје на Твитер го напиша следново:

– Ким се обиде да дојде Вајоминг со доктори и да ме заклучи како во филмот „Get Out“, бидејќи плачев додека зборував за спасувањето на животот на мојата ќерка.

Канје исто така ја спомена и неговата тешта Крис Џенер и ги објавил пораките кои ги испратил на Крис и ја молел да престане да го игнорира за време на една бизнис-зделка. Потоа ги кажа и бизнисите на својата сопруга, за кои кажа дека позади нив се крие Крис и дека Ким никогаш истото не би го направила на својата ќерка.

– Се колнам во Господ дека мајката на Норт никогаш не би продала секс-снимка, а тоа било одлука на мојата тешта. На ранчот сум, најдете ме – додал раперот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот