По скандалот Канје Вест ја моли Ким за прошка: Јавно ѝ се извини на Твитер

На твитер-профилот на Канје Вест е објавена порака со која тој ѝ се извинува на Ким Кардашијан, по твитовите со кои раперот „го закопа“ познатото семејство, а мајката на Ким, Крис Џенер, ја нарече Крис Џонг Ун.

„Би сакал да ѝ се извинам на мојата жена Ким што излегов јавно со нешто што е приватна работа. Не ја покрив како што таа ме покрива мене. Ким, сакам да кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше покрај мене“, напиша Канје.

Членовите на семејството Кардашијан се загрижени дека Канје боледува од биполарно пореметување. Пред четири години пејачот завршил на психијатрија и оттогаш повремено е на лекови. Ким во повеќе наврати изјави дека таблетите го менуваат и затоа не ги пие редовно.

Ким Кардашијан конечно проговори за нервниот слом на Канје Вест: Немоќни сме, тој не е добро!

Американските медиуми по скандалот се обиделе да дојдат во контакт со Ким и со нејзините адвокати, но таа одлучила да не коментира ништо околу овој случај.

Фото: Инстаграм

Ким Кардашијан и Кање Вест се заедно од 2012 година, а во 2014 година ја официјализираа врската и стапија во брак. Тие се заедно вкупно осум години и имаат четири заеднички деца: Норт (роден 15 јуни 2013, Сеинт (роден 6 декември 2015), Чикаго (родена 15 јануари 2018 година) и Псалм (роден 9 мај 2019 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот