Канје Вест се расплака на првиот претседателски митинг: Замалку ќе ја убиев својата ќерка! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот рапер Канје Вест го оддржа првиот митинг во склоп на претседателската кампања, а она што го изјави, изненади многумина.

Вест најмногу внимание посвети на абортусот, велејќи дека неговата мајка „му го спасила животот“, бидејќи татко му сакал да го абортира.

профимедиа

Потоа тој се потсетил на своето прво дете со Ким Кардашијан.

Целиот во солзи изјавил дека Бог му се прикажал за време на бременоста на неговата сопруга, па се откажале од абортусот.

Зборувал за тоа како абортусот треба да е легален бидејќи се што стои во законите кои луѓето ги направиле, не е нешто што Бог го препишал, а рекол дека ќе најде и пари за сите оние кои сакаат да имаат деца. Тој ветил милионски надокнади.

Тој ја спомнал и расната еднаквост, велејќи:

„Националната кошаркарска асоцијација (НБА) не е во сопствеништво на ниту еден црнец. Универзалниот мјузикл не е во сопствеништво на ниту еден црнец. Секоја славна личност која така вели не е вистинска сила“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот