Ботас триумфираше во Ф1 после една година, Ферстапен пред Хамилтон

Финецот Валтери Ботас („Мерцедес“) ја запиша 10 победа во Ф1/Истанбул, Турција/10 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

На Формула 1 трката за Големата награда на Турција во Истанбул денеска славеше возачот на „Мерцедес“, Валтери Ботас.

Ботас од пол позицијата ја започна трката и од првиот до последниот круг беше водечки, второпласиран Макс Ферстапен, а трет Серхио Перес.

Во Истанбул врнеше цело утро и создаде одредени проблеми, но и вистински тркачки спектакл. Имаше инцидентот веќе во првиот свиок од првиот круг кога Алонсо излета по контактот со Гасли.

Ботас ја запиша 10 победа во Ф1, негова прва после една година, односно последен пат триумфираше лани на 27 септември во Сочи, Русија.

Во „Мерцедес“ сепак не се среќни бидејќи актуелниот светски шампиом Луис Хамилтон заврши дури на петтото место и е престигнат од Ферстапен во генералниот пласман со оглед на тоа што целта ја помина како второпласиран.

Третото место му припадна на Перес од „Ред Бул“, кој мајсторски се одбрани во последните шест круга од Шарл Леклер и Хамилтон. Покрај тоа, треба да се нагласи одличното возење на возачите на „Ферари“. Леклер се спротивстави на сите напади на Хамилтон, додека Карлос Саинц го имаше најбрзиот круг на трката и им донесе поени на Ферари во пласманот кај конструкторите.

Ферстапен е првопласиран со 262,5 поени, Хамилтон е втор со 256,5 поени, а трет е Ботас со 177. Следната трка оваа сезона во Формула 1 ќе се вози на 24 октомври за ГН САД во Тексас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот